Дебарските спортски риболовци побараа од надлежните институции во земјава да го укинат економскиот риболов на Дебарското езеро што го применува концесионерот на езерото.
Претседателот на Спортското риболовно друштво „Трофта“, Дритан Боцку, изјави дека доставено е барање до Министерствотио за земјоделство, шумарство и водостипанство, но и другите надлежни институции да се запре економскиот риболов во водите на езерото и да се дозволи само стопртски риболов.
Боцку објасни дека поради еконмскиот риболов има осиромашување на рибниот фонд во езерото и притоа се оневозможува спортскиот риболов кој дава можност за развој на туризмот во Дебар.
Раководството на спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар бара од надлелжните без разлика кој ќе биде новиот концесионер на Дебарското езеро, бидејки рокот на актуелниот концесионер истекува за некој месец, едно од клучните барања од надлежните институции да биде стопирање на економскиот риболов.
Инаку, од оваа друштво ја изнсуваат и оценката дека од страна на концесионерот задругата „Охридска риба“ од Струга ловот на риба е вршен надвор од утврдените количини, а исто така не било вршено порибување во согласност со договорот. Од страна на задругата концесионер, овие тврдења неколку пати беа демантирани и притоа беше укажувано е дека почитуван е договорот за концесија.
Инаку концесиоенри на дебарското езеро во минатото беа над три декади ХЕЦ Шпилје, потоа СРД „Трофта“, а сега е задругата „Охридска риба“ од Струга.
К.М.