На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

Од:

Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на клен и скобал (скобуст).

-Во согласност со одлуката на Федерацијата на рибари на Република Северна Македонија во нашето езерото во тек е забрана за риболов и тоа на скобал што ќе трае до 15-ти овој месец, како и на клен која е воведена на 1-ви и ќе трае до 31 мај, изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

Додава дека од средината на овој месец,односно од 15 мај па се до 30 јуни ќе има забрана за лов на крап и на црна мрена.

-Забраната за вршење на рекреативен риболов во риболовните води е востановена секоја година во овој период, заради непречен природен мрест на овој вид риба. Нашата рибочуврска служба постојано е во обиколка на езерото. Наша цел како концеионер е да го заштитите рибниот фонд на Дебарско Езеро,кое порано беше познато по богатиот и разновиден рибен фонф, кој што за жал во изминатите години беше опустошен,посочува Боцку.

Додава дека овој период дозволен е риболов на плашица и на пастрмка.

Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во ноември лани концесијата му ја додели на СРД „Трофта“ (пастрмка) и тоа како што бараше и друштвото, а беше подржано и од Советот на општината,само за рекреативен риболов. Тоа значи дека во период од пет години забранет е стопански риболов на езерото.

Би можело да ве интересира

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Балканско првенство во риболов во Кавадарци

А1он

Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

(ВИДЕО) Трипуновски: Дебарското езеро е доведено на раб на пресушување заради неспособноста на Заев

Катерина Ѓуровски