Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Од:

Вчера, Државниот инспекторат за земјоделство организираше акција за спречување на рибокрадци. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека во водите на Охридското езеро се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.

Целта на акцијата е сузбивање на погоре наведените состојби. Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 кг. Одземени се 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м.

Воедно запленети се и 20 мрежи за лов на белвица со димензии 28X28 мм со вкупна должина од 1000м. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител.

При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 гр кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското езеро.

Сакаме да потенцираме дека успешноста на овој надзор – контрола се должи на несебичното залагање на секое овластено лице од ДИЗ, припадниците на езерската полиција, како и високиот степен на дискреција при организирање на истата.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион