Сончево со умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната до 11 степени.

Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер. Повремени врнежи ќе има и во недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски