Се одлепија плочки од споменикот на Јане Сандански во Општина Аеродром. Тие испопаѓаа една по една, откако падна температурата, пренесува весникот Вест.
Коњаникот сега стои на шарен постамент, кој изгледа стар и запуштен, а не поставен пред две години.
Од Општина Аеродром за весникот велат дека заштитниот слој со кој го премачкале споменикот пред зимата не успеал да го спаси од оштетување
Споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански е направен според проект на авторот Гоце Давидов. Постаментот е висок 3,5 метри, а скулптурата на Јане Сандански, качен на коњ, е пет метри. Тој е изработен во белградската лераница “Јеремиќ”, и е дел од проектот “Скопје 2014″.