Одобрен обвинителниот акт за случајот „Титаник“

Од:

Советот за оценка на обвинителни акти при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинетелниот акт на СЈО за предметот „Титаник“.

По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18 кој согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

„Титаник“ е прв случај обелоденет од СЈО, а се однесува на дела поврзани со избрни нерегуларности. Во овој случај обвинети се вкупно 20 лица, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска.

Тие се теретат за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачите, поткуп при гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средба за финансирање на изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални