ВИДЕО: Обвинетиот од СЈО вчера ангажирал адвокат и затоа побара да се одложи судењето

Од:

Обвинетиот експомошник министер во МВР, Ѓоко Поповски преку адвокатот Богољуб Софрониевски побара да се одложи судењето за случајот „Тенк“, бидејќи вчера ангажирал адвокат за да го брани пред судот и немал време да го проучи предметот и доказите.Обвинителот од СЈО, Трајче Пеливанов рече дека сите обвинети мора да ги добијат нивните права, но тоа да не се случува во иднина, бидејќи се одолговекува постапката намерно.

Поповски е обвинет и во случајот „Триста” за набавката на полициските возила „шкода јети“.

Во судискиот совет беше судијата Дарко Тодоровски кој беше за притвор за Груевски. Судијката Добрила Кацарска следните три рочишта ги закажа за 12, 13 и 16 февруари.

Експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се обвинети во случајот на специјалното јавно обвнинтелство „Тенк“ за набавката на лускузниот „мерцедес“.

Во обвинението пишува дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „мерцедес“.

В. М.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов