А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почнува судењето за Груевски и Јанкулоска за набавката на луксузниот „мерцедес“

by А1он30/01/2018 - 08:4326/07/2020 - 11:16776
Share0

Во кривичниот суд за денеска е закажано првото судско рочиште во кое обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот на специјалното јавно обвнинтелство „Тенк“ за набавката на лускузниот „мерцедес“.

Добивај вести на вибер

Предметот ќе го суди Добрила Кацарска. Во обвинението пишува дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Предмет на набавката било блиндирано патничко моторно возило со највисока заштита VR6/VR7, каде што во спецификацијата на возилото во тендерската документација со цел во постапката да нема конкуренција економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, а и за фаворизирање, имало повеќе технички спецификации што се однесуваат за возилото „мерцедес“, модел „С 600 гард“, кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки и без да биде наведено дека може да се дадат и понуди со други спецификации што се еквивалентни на наведените во тендерската документација, со што постапил спротивно на Законот за јавните набавки.

Обвинетите знаеле дека набавка на такво ново возило било вонредно скапо во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството. Јавната набавка била спроведена како да е за потребите на Министерството. Јанкулоска го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да го стори кривичното дело за потоа возилото од Министерството да се даде на користење и на обвинетиот Никола Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но не сакал во јавноста да се дознае дека тој како службено лице користи такво луксузно возило.

В. М.

gruevskijankuloskasjotenk

Би можело да ве интересира

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он06/09/2025 - 18:3006/09/2025 - 16:29

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Горан Наумовски26/06/2025 - 16:10

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Горан Наумовски05/03/2025 - 12:41

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Горан Наумовски25/11/2024 - 15:52

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски30/09/2024 - 11:5530/09/2024 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен