Северна Кореја денеска се закани дека ќе ги зајакне своите одбранбени способности, откако претходно најави дека може да изврши трето ракетно тестирање.
Имајќи го предвид „непријателскиот однос“ на САД, севернокорејското Министерство за надворешни работи предупреди дека изолираната комунистичка држава ќе продолжи да го зајакнува својот арсенал против сите видови на војна.
Северна Кореја ги повика САД да ја затворат Командата на ОН во Јужна Кореја, која го следи почитувањето на примирјето потпишано кон крајот на Корејската војна (1950-1953), нарекувајќи го „остаток“ од времето на Студената војна.
Пјонгјанг тврди дека има право да произведе нуклеарно оружје, со цел да се заштити од заканите на САД. Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања, во 2006 и 2009 година, по што Советот за безбедност на ОН и воведе санкции поради испитување на балистички ракети.