„Шпанија е минато, следува Чешка. Не очекува голема борба, мислам дека тоа ќе биде еден изедначен натпревар кој ќе го решаваат детали. Ние пикерите сме подготвени да го оставиме срцето на терен, да направиме повеќе простор за бековите и да помогнеме со реализација и блокови“, вели пикерот Жарко Пешевски.
„Чешка е една сериозна репрезентација, имаат неколку играчи кои не играа против нас на претходните натпревари. Многу се поопасни, имаат добра полуконтра, играат одлична одбрана и имаат добри голмани, ќе ни биде многу тешко. Ќе влеземе максимално, навивачите заслужуваат да го оставиме срцето на терен и да дојдеме до посакуваниот резултат“, додава Пешевски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка се игра вечерва со почеток од 20.30 часот.