Партијата на Амди Бајрам и натаму ќе добива пари од државата

Од:

Партијата Сојуз на Ромите на Амди Бајрам и натаму ќе добива пари од државата откако претходно Министерството за правда донесе одлука да ја запре исплатата на средства за оваа партија. Забраната е донесена на 22 јуни 2017 година. Причините поради кои Министерството му ги секна парите на Сојузот на Ромите се поради недоставен извештај од регистар на примени донации, годишна сметка и годишен финансиски извештај.

Државниот завод за ревизија доставил допис со кој бара да се запре забраната за исплата на средствата за редовно годишно финансирање на политичката партиjа Сојуз на Ромите, коjа во меѓувреме ги исполнилa обврските за финансиско известување за 2016 година. Одлуката за престанок на важноста на забраната е објавена во 13. број на „Службен весник“ и е потпишана од министерот за правда, Билен Салији.

Пратеникот Амди Бајрам на 22 декември 2017 година од собраниската говорница објави дека излегува од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и продолжува да дејствува како независен пратеник. Тој гласаше „за“ изборот на новите министри – Венко Филипче за здравство и Аксел Ахмедовски за министер без ресор.

В. М.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска