ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите патриоти не се терористи!

Од:

„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти не се терористи! Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и полициските службеници не се терористи! Да си ја сакаш сопствената татковина не е тероризам! Да имаш поинакво мислење и гласно да го кажеш тоа не е тероризам!

Притворите за патриотите сe доказ дека Македонија е единствената држава аспирант за ЕУ во која се конструираат политички обвиненија базирани на измислици и политички нарачки. Обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок е апсурдно. Уметниците, пратениците и полициските службеници претходно не сториле ниту прекршок. Единствено по кое што јавноста ги знае е нивната битка за Македонија која се труделе секаде да ја претстават во најдобро светло.

Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда. Политички прогон за неистомислениците, а масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта. Најдобар пример за тоа е активистот на таканаречената Шарена револуција, пратеникот Павле Богоевски.

Срамна, правно неоснована и политичка е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети.
Република Македонија е во тотален мрак. Владеењето на правото и правната држава се на колена! Судот прави правен преседан. Судот не дели правда врз основа на факти и аргументи, туку испорачува политички одлуки. Судиите станаа партиски послушници и војници на власта.

Слободата, правната држава и владеењето на правото претставуваат елементарни предуслови за нормално функционирање на денешните современи општества. Во Република Македонија тоа не е пример. Судот наместо да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократија, стана директен соучесник, спроведувајќи партиски одлуки на СДСМ.

Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.

Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со антидржавните политики на актуелната власт ќе има контраефект и ќе го зголеми револтот.

Законите морат да важат подеднакво за сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било