Во текот на вчерашниот ден, Р.И. (52) во полиција пријавила дека на 16-ти месецов околу 15:00 часот на крстосница од улица „Мелничка“ со улица „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од непознато лице.
Според кажувањето на жената, напаѓачот со возило им го попречил патот, а нејзиниот сопруг С.И. излегол од возилото и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј го испрскал С.И. неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата. Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.
После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.