Кривична пријава против двајца 16-годишници од тетовското село Теново и против еден 15-годишник од Тетово, поднесе тетовската полиција поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Како што информираат од МВР, пријавените на 06-ти ноември 2017-та околу 18:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во клиничката болница во Тетово. Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во полициската станица во Тетово, каде што го предал ножот.