Вработен во Агенцијата за обезбедување пријавил дека синоќа вработените во бензинска пумпа во Скопје биле вознемирувани од машко лице, кое во рацете држело нож и сукало и кон нив упатувало пцости, закани и навреди.
Полицијата утврдила дека се работи за 28-годишен маж од Скопје, кој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода. Се работи на расчистување на случајот.