ДС: Македонија да стане 30-та членка на НАТО

Од:

Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.

„Македонија беше лидер на демократските реформи во Балканот, носител на Јадранската група за влез во НАТО, учествуваше и учествуваа со воени сили во повеќе меѓународни мировни мисии (Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и др.), во 1999 година прифати над 500.000 бегалци од Косово, Криволак е своевиден вежбовен центар и ги заврши сите значајни реформи во одбраната согласни стандардите на НАТО.

Евроатланските процеси се движечка сила и неспорно е дека се направени крупни промени.

Поради се што е направено, како и цврстата граѓанска определба и решеност за влез во НАТО и ЕУ, го повикуваме Столтенберг, да направи се што е во негова моќ, Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Приемот на Македонија во НАТО, ќе придонесе и за стабилизација на Балканот, како и услови за демократски и економски развој на сите држави од регионот.

Општиот политички и граѓански консензус, се гаранција дека Македонија ќе продолжи со демократските реформи и ќе етаблира систем на владеење на правото, како и целосно почитување на основните човековите права и слободи“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина