Полицијата поднесе кривична пријава против охриѓанецот Х.А. (55) поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.
Како што информираат од МВР, на 13-ти јануари годинава во Охрид, додека Х.У. (61) се движел по улицата „Даме Груев“ бил пресретнат од пријавениот, инаку негов роднина, кој поради нерасчистени семејни недоразбирања, го нападнал со нож нанесувајќи му убодни рани.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.