Нема нов предлог за името, а на средбата закажана на 17. јануари во Њујорк, медијаторот Метју Нимиц ќе излезе со предлог-идеи веќе дискутирани во минатото, најави тој во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ.
Нимиц смета дека во Македонија има позтивен моментум и дека новата Влада е заинтересирана за решавање на ова прашање. Тој истакна дека грчката влада тоа го препознава и оти решавањето на ова прашање е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот.
– Постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји се подготвени да слушнат одредени решенија, што се од нивни заеднички национален интерес, но мора да има одреден компромис за да се затвори прашањето, истакна Нимиц.