Македонија успеа со победа да го стартува своето петто Европско првенство, откако во драматична завршница стигнавме до импресивна 25:24 победа над Словенците.
По израмнетото прво полувреме во Загреб, се играше гол-за-гол, но пред крајот со серија од 3:0 дојдоа до реми 11:11, за на крајот да ја победат третата репрезентација на светот.
Best Action | Taleski | Men's EHF EURO 2018
Filip Taleski, left back from FYR Macedonia, had this best action against Slovenia. Have a look!Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница Rokometna zveza Slovenije #hypnoticgame #ehfeuro2018 #MKDSLO
Posted by EHF EURO on Сабота, 13 јануари 2018
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум голови, седум постигна Кире Лазаров. Никола Митревски имаше девет обрани, а Борко Ристовски четири.
Highlights | FYR Macedonia vs Slovenia | Men's EHF EURO 2018
What a game! FYR Macedonia and Slovenia were playing their best to pass this preliminary's first match as lider of the group. Have a look to the best moments of the match. Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница Rokometna zveza Slovenije #hypnoticgame #ehfeuro2018 #MKDSLO
Posted by EHF EURO on Сабота, 13 јануари 2018
Сега следува дуелот со Црна Гора во понеделник, и темпото не смее да се намали ниту противникот да се потцени, иако тие загубија во дуелот со едни од фаворитите на шампионатот, Германија, загубија со 32:19. На овој меч, Македонија ќе може практично да го обезбеди пласманот во втората рунда.