Армијата на Мјанмар призна убиство на Рохинџи

Од:

Припадници на безбедносните сили и локалните жители – будисти, убиле 10 муслимански Рохинџи во селото Ин Дин, информираше денеска армијата на Мјанмар.

Ова е прв случај армијата на земјата да преземе одговорност за убиство на цивили Рохинџи, откако летово беше интензивиран конфликтот меѓу будисите и муслиманите во западен Мјанмар.

– Точно е, селаните и безбедносните сили признаа дека убиле 10 Рохинџи. Војската ќе ги повика на одговорност лицата кои ги прекршиле наредбите. Овој инцидент се случил затоа што терористите им се заканувале на селаните кои се будисти, соопшти армијата.

Масовната гробница со телата на убиените муслимани беше пронајдена во декември, а според проценките повеќе од 650 илјади Рохинџи беа протерани од Мјанмар во текот на летото. Тие сега се наоѓаат во кампови во соседниот Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска