Група демонстранти денеска протестираа во Брисел против најавената посета на иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф. Тие побараа од ЕУ да ја откаже постата за Зариф, која што е планирана за утре.
Посетата на Зариф на Брисел следува по антивладините протести во Иран, во кои беа убиени неколку десетици демонстранти и припадници на безбедносните сили, а голем број беа уапсени.
Членови на Европскиот парламент им се придружија на демонстрантите и изразија солидарност со нивните барања.
Зариф доаѓа на покана на европската претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, а ќе се сретне и со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија.