Маж повреден од заталкан куршум во Лешани, Охридско

Од:

Жител на село Лешани, Охридско, вчера попладне бил погоден од заталкан куршум.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 16:50 часот, а бил пријавен во СВР-Охрид од охридската болница „Св.Еразмо“ каде бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани – Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака.

– Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека околу 16,30 часот додека се движел пеш со негов роднина од с.Лешани кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов