Градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци ќе добие 33 прочистувачи за воздух

Од:

Наредната недела, односно во среда, ќе се монтираат 33 прочистувачи на воздух во сите занимални на детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци. Ова е само мал дел од проектот на Градоначалникот Митко Јанчев „За чисто Кавадарци“.

Овие прочистувачи се донација од компанијата „Екотип“ од Скопје од брендот „Блу ер“, а инвестицијата изнесува 10.000 евра.

Проектот „За чисто Кавадарци“ започна преку проектот „Мој општинар“ со чистење на сите помали и поголеми диви депонии во Општина Кавадарци. Овие прочистувачи се втора мерка од овој проект, а во иднина следуваат уште акции преку кои ќе се залагаме за почисто Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски