Во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб јужен ветер, додека по котлините ќе биде магливо. Минималните температури ќе се спуштат од -3 до 4 степени, додека дневните ќе бидат од 6 до 16 степени.
Во главниот град ќе биде сончево со мала до умерена облачност со слаб јужен ветер, како и појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до -1, додека дневната ќе достигне 9 степени.
Стабилно и суво време се очекува до среда, со појава на умерена до значителна облачност и слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особоено на повисоките места и планините.
По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, па таму температурите ќе останат пониски. Од сред попладне во западните и јужните делови на земјата се очекуваат локални врнежи од дожд.