Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ е избран за најдобар ракометар во Европа за 2017 година во изборот спроведен од Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Тој беше клучен за освојување на европската титула на Вардар и токму со неговиот гол, македонскиот тим ја испадна Барселона во полуфиналето.
Циндриќ доби 6.731 глас (46 отсто) од вкупниот број гласови на фановите кои учествуваа во изборот.
Зад него е Мате Лекаи со 41 осто, додека трет е големанот на Вардар, Арпад Штербик со шест отсто од гласовите.
Во женска конкуренција, најдобра ракометарка за 2017 година е избрана Романката Кристина Негау.