Сончево со мала до умерена облачност, температури до 16 степени

Од:

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Магла и ниска облачност ќе има по котлините, а утринските температури се движат од -4 до 2 степени, додека денските ќе се искачат од 6 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер, со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до -4, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Стабилно и суво време ќе имаме до среда со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.

По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, па на тие места дневните температури ќе останат пониски.

Од среда се очекува во западните и јужните делови на Македонија да има повремени врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски