А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сончево и релативно топло

by А1он06/01/2018 - 11:10117
Share0

Најмногу снег утрово беше измерено во Лазарополе четири сантиметри, додека најстудено беше во Берово и Петровец каде што беа измерени -4 степени. Низ државава времето е ведро и студено, а во североисточниот дел има слаб ветер од променлив правец.

Добивај вести на вибер

Во Маврово снежната покривка изнесува 2 сантиметри, а минималните температури се движат од -3 степени во Струмица, Демир Капија и Тетово, -2 во Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка и Лазарополе, додека во Охрид, Маврово и Претор се измерени 0 степени. Позитивни температури имаше во Пожаране и Виница 1 степен, а во Крушево, Ѓуриште, Тополчани и Дојран два степена Целзиусови.

Денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер, а во источните делови умерен југоисточен ветер.

Максималните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се искачи до 9 степени.

Во периодот кој следува не очекува стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Температурите ќе бидат над просекот за овој период во поголем дел од земјава, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Од утре ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините можност за појава на магла и ниска облачност, така што дневните температури на овие места ќе останат пониски.

Локални врнежи од дожд се очекуваат од среда.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто