Полицаец повреден во обид да одземе нож при семејна расправија

Од:

Еден полицаец во Куманово се здобил со расекотина откако се обидел да одземе нож при семејна расправија.

Вчера околу 14:00 часот, во дворно место од куќата на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47). Тогаш нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака.

Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово. Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов