Метеоролозите забележаа рекордно температурно отстапување на Арктикот од седум степени целзиусови.
Според зборовите на директорот на рускиот Хидрометеоролошки центар Роман Вилфанд, во 2012 година на арктикот е регистрирана рекордно мала површина на морски мраз.
Оваа аномалија е откриена во северниот дел на Карско морер, меѓу Земјата на Франц Јозеф и Нова земја.
Вилфанд исто така потсети дека минатото лето во САД беше рекордно топло, каде што отстапувањето од средната годишна температура беше 2,5 степени.