Дваесетгодишен Охриѓанец е повреден во слабината со остар предмет од страна на непознато лице синоќа околу два часот по полноќ во кругот на основното училиште „Братство и единство“ во Охрид.
МВР денеска соопшти дека повредениот Д.Р. е задржан на лекување во Клиничката болница во Охрид.
Се работи на целосно расчистување на случајот.