Неодамна пензионираниот началник на Генералштабот на војската на Зимбабве, Константино Чивенга, денеска е именуван за потпретседател на Зимбабве.
Чивенга беше меѓу предводниците на државниот удар, со кој се стави крај на повеќедецениското владеење на Роберт Мугабе. На таа функција е поставен од претседателот на земјата Емерсон Мнангагва.