Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска порача дека Владата ги менува политиките во делот на искористеноста на ИКТ во образованието.
– Досега се набавуваше хардвер, без некаков план за негова примена. Затоа денес училиштата ни се пренатрупани со компјутери кои не се користат. Имаме премногу железо, тие се веќе застарени и голем дел неупотребливи, рече Манчевски, во обраќањето на настанот на кој компанијата Мајкрософт ги претстави финалистите од натпреварот 365 Chalenge во кој наставници од целата држава претставуваа примена на ИКТ алатките во наставниот процес.