Во Кавадарци акција за превенција од тешки кражби за време на празници

Од:

Акција за превенција од тешки кражби за време на новогодишните празници, спроведоа инспекторите од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.

Акцијата во која беа делени флаери со едукативна содржина се реализираше вчера, а денеска инспекторот за превенција Димитар Каракулев информираше дека целта е, да се заштитат кавадарчани кои празниците ќе ги поминат надвор од своите домови, бидејќи во такви услови, тие стануваат мета на криминалци.

Покрај на случајните минувачи, флаери беа поделени и во осигурителните компании во кои обезбедуваат патничко осигурување лицата кои ќе патуваат во странство. Посетени беа и туристичките агенции.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски