Новиот драмски факултет и плоштадот „Св. Богородица“ ќе проголтаат нови 380 илјади евра

Од:

Изведба на партерно уредување на просторот околу објектот на Државни институции – Јавна Администрација и ФДУ и дел од плоштадот Пресвета Богородица.

Под ова име „Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија“ на Бирото за јавни набавки објави оглас за јавна набавка. Вредноста на договорот без ДДВ е 23 милиони и 500 илјади денари или приближно 382 илјади евра. Времетраењето на договорот е шест месеци. Краен рок за доставување на понудата е 10 јануари 2018 година.

Со последниот договор вкупната вредност на изградбата на овој објект порасна на над 26 милиони евра. Изградбата на ова административно здание доцни повеќе од две години. Во овој објект треба да бидат сместени Факултетот за драмски уметности, како и следните државни институции: Управа за финансиска полиција, Комисија за односи со верски односи, Агенција за администрација, Агенција за планирање на просторот, Државен завод за индустриска сопственост, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Биро за регионален развој, Агенција за цивилна воздушна пловидба, Дирекција за технолошки и индустриски зони и дел од Управата за јавни приходи.

Барокната зграда од проектот „Скопје 2014“ се изгради врз идејно решение изработено од „Неимар инженеринг“. Градежните работи ги изведоа фирмите „Бетон“ и „Гранит“ од Скопје, додека фасадата на објектот е дело на фирмата „Нипром“ од Струмица.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски