(ВИДЕО) Данев: Новата управа на ЈП Водовод од работа избрка 26 вработени

Од:

„Политичката одмазда стана одлика на владеењето на СДСМ. Се бркаат луѓе од работа само затоа што се политички неистомсленици.

Новата управа на ЈП Водовод од работа избрка 26 вработени во оваа претпријатие. Причините кои се наведуваат во отказните решенија се банални изговори и се алиби за политичкиот реваншизам кој го спроведува оваа власт.
СДСМ остави 26 фамилии без средства за основна егзистенција. 26 фамилии добија новогодишна честитка од СДСМ, на која пишува – ОТКАЗ.

Ова ли е животот кој го ветуваше СДСМ? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа?
Ова е класичен политички реваншизам.

Според информациите објавени во медиумите власта брка од работа со цел празнење на работни позиции за членови од СДСМ.

Ова не е живот, ова е беда за сите оние кои не се СДСМ.

СДСМ управува со јавните претпријатија, како да се нивен сопствен феудален посед. Власта си зема за право да одлучува кој и колку долго ќе остане на својата работна позиција, спротивно на Устав и закон.

Власта на дело ја спроведува политиката на Заев за бркање на луѓе од работа по принципот „Ќе бркаме од чистачка до министер“.

СДСМ спротивно на законите и европските практики се изживува со вработените во државна администрација.

СДСМ внесува страв и несигурност кај граѓаните на сите нивоа на власта, на централно и на локално ниво. Граѓаните се исплашени. Вработените во државна администрација под сериозен притисок.

Правото е деградирано, а демократијата урнисана. Основна одлика на Република Македонија под водство на СДСМ е партискиот реваншизам. Граѓаните не смеат да бидат жртва на политички реваншизам. СДСМ не смее да се изживува со вработените во државната администрација и со јавните претпријатија да управува како со феудален посед“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски