Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија одговараа по телефон на повици од деца кои се интересираа каде се наоѓа Дедо Мраз и што ќе им донесе за празниците.
На овој начин, тие се вклучија и ја продолжија традицијата на НОРАД за следење на патешествието на Дедо Мраз околу светот. Се работи за доброволци кои, почнувајќи од 24 декември, одговараат на телефонски повици, но и на писма испратени до Дедо Мраз.
Интернет страницата годишно ја посетуваат речиси девет милиони луѓе од над 200 земји во светот.
Претседателот Трамп и првата дама се јавуваа од Флорида, каде што ги минуваат божиќните празници.
Меѓу јавувачите, беше и едно дете од Мисисипи, на коешто Трамп му рече дека неговата сојузна држава е супер и дека Дедо Мраз ќе донесе многу среќа и бериќет.
На јавување на друго момче пак, американскиот претседател посака мир за САД, „сега кога веќе има просперитет“.