Гром удрил во близина на местото каде што армијата вежбала за воена церемонија при што повредени се 77 војници во Колумбија.
-Тие беа во воена база во градот Попајан, каде што вежбаа за воена свеченост, кога громот удри на неколку метри од нив, изјави портпаролот генерал Луис Фернандо Рохас.
Дел од војниците биле згрижени на лице место, додека 62 биле хоспитализирани.
– Војниците се здобија со изгореници, а некои имаат проблеми со слухот, рече Рохас.