ЕК: Следен чекор во однос на Полска е прогласување кршење на вредностите на ЕУ

Од:

По покренувањето на членот 7 против Полска, со кој што може да ѝ се одземе правото на Глас во ЕУ, е барање од владите на земјите члекнки на ЕУ да прогласат дека промените во правосудството во таа земја претставуваат „јасен ризик од тешко кршење на вредностите на ЕУ, посебно во делот на владеење на правото“.

Европската комисија му предложи на Европскиот совет да ја започне постапката по членот 7 од Лисабонскиот договор, што би довело до оземање на парвото на глас на Полска во институциите на ЕУ. Ова е прв пат ЕУ да започне таква постапка.

– Со тешко срце го активиравме членот 7. Но, немавме друг избор, имајќи ги предвид фактите. Немавме друга можност. Ова не се прави поради Полска, туку за целата ЕУ, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој го водеше процесот против Полска.

Сепак се очекува Унгарија да стави вето на таквата одлука.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина