Право и правда: Одлуката на Европската комисија е политички мотивирана

Од:

Полската владејачка партија „Право и правда“ обвини дека одлуката на Европската комисија за започнување на процедура против Полска со покренување на членот 7 од Лисабонскиот договор е политички мотивирана.

– Таа одлука не е добронамерна и според наше мислење е политичка, истакна портпаролката на партијата, Беата Мажурек.

Ова е прв случај, Европската унија да започне ваква процедура против некоја држава.

– Со тешко срце го активиравме членот 7. Но, немавме друг избор, имајќи ги предвид фактите. Немавме друга можност. Ова не се прави поради Полска, туку за целата ЕУ, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој го водеше процесот против Полска.

Полска е обвинета дека ги прекршила правилата на ЕУ за владеење на правото, со новиот закон за правосудни реформи. Спорна за ЕУ е одлуката да не им се дозволи на петте нови членови на Врховниот суд, именувани пред изборите во 2015 година да ги заземат своите функции во судот.

Европската комисија активирањето на членот 7 го доставува до Европскиот совет, каде што Полска нема право на вето, но други држави, како Унгарија, најавија дека ќе го блокираат и нема да дозволат да се оди до крај, односно до одземање на правото на глас на Полска во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина