Тепачка на малолетници, момче повредено со нож

Од:

Во тепачката на малолетници што се случила синоќа во Скопје на улицата Босна и Херцеговина, Б.Т.(16) и Т.Д.(16) биле физички нападнати од поголема група машки лица на возраст од 16 до 18 години.

Според информациите, Т.Д и неговите другари физички биле нападнати од поголема група лица, при што ја изгубил свеста. Тој бил пренесен на Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска нега.

Според извештајот, во пределот на левото рамо му била нанесена повреда, исеченица со тврд предмет, најверојатно, од нож.

Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло кога претходно неговиот другар имал расправија со напаѓачите во дворот на училиштето „Зеф Љуш Марку“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов