Анѓушев: Граѓаните нема да мора самите да ги купуваат мерачите за топлинска енергија

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите.

– Тоа е дезинформација која не знам од кои причини се шири. Мерачи ќе има и ќе се најдат финасиски средства да бидат платени, а да не бидат на товар на граѓаните. Нивната набавката ќе биде регулирана со подзаконски акти, а граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци, изјави Анѓушев во одговор на новинарско прашање по отворањето на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.

Тој кажа дека има различни начини за нивн набавување и најави дека се во преговори со повеќе институции, меѓу кои и со Хабитат и Зелениот климатски фонд.

– Ќе направиме се тоа да не биде на товар на граѓаните. Мерачите се потребни за да биде јасно кој колку потрошил и кој колку треба да плати, односно да се заштитат граѓаните да не го плаќаат тоа што не го потрошиле. Ќе бидат вградени во сите објекти до почетокот на 2019 година кога се очекува новиот закон за енергетика да функционира со стие подзаконски акти. Сите промени во законот се исклучително во интерес на граѓаните и ако неговиот текст е добар за сите граѓани на ЕУ и е создаван во период од 50 години не гледам зошто би бил лош за македонските граѓани, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска