Израел нападна позиции на Хамас по ракетниот оган од Појасот Газа

Од:

Како одговор на ракетен напад од Појасот Газа кон јужен Израел, израелски воени авиони утрово извршија воздушни напади врз позиции на движењето Хамас во северниот дел на Газа, соопштија од израелската армија.

– Израелските одбранбени сили сметаат дека терористичката организација Хамас е одговорна за овој непријателски чин, преземен од Газа, се вели во соопштението.

Ракетите ги погодиле своите цели и предизикале сериозни штети. Според медицинските извори во Газа, нема загинати.

Весникот „Тајмс оф Израел“ јави дека ракетниот напад во Газа предизвикал сериозни оштетувања на израелска територија, но нема повредени. Ракетите ги погодиле израелските села Натив Хасара и Јад Мордекај во јужен Израел.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски