(ВИДЕО) Качакова: Отровот не е решение, опасен е и за животните и за децата

Од:

Решението за агресивните кучиња да се бара од институциите или од несовесните сопственици, отровот не е решение, порачаа активистите на денешниот протест против масовното труење на животните.

– Тука сме да го искажеме револтот против несовесните граѓани кои на своја рака трујат невини животни. Да се бара виновникот кој го шетал агресивното куче, а не да се трујат животните. Отровот е опасен за кучињата, мачките но и за децата кои може да го вдишат, вели Марија Kачакова, активистка за правата на животните.

Бараме од надлежните под итно да престане ова лудило затоа што ова е организирано и се работи за Битола, Кочани , Охрид и други градови. Каде е човештината? Проблемот со уличните кучиња треба да се реши од институциите, бараме стационари во сите градови со нормални услови за живот, вели активистката Снежана Билко.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он