Во ноември минатата година се издадени 232 одобренија за градење, што е за 3,3 проценти помалку во однос на ноември 2011 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.847.943.000 денари, што е за 4,4 проценти помалку во однос на ноември 2011.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (7.8%) за нискоградба и 37 (15.9%) за реконструкција.
Кај 172 објекти инвеститори се физички лица, а кај 60 деловни субјекти. Во периодот опфатен со анализата е предвидена изградба на 647 станови, со вкупна корисна површина од 51.958 метри квадратни.