(ВИДЕО) Заев-Рама: Интензивираната соработка и заложбите за регионален развој се заедничка иднина на двете земји

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, имаа заедничка прес конференција, по одржаната меѓувладина седница во Поградец, Албанија.
Премиерот Заев го оцени како историски чекорот на двете влади за заедничка владина седница, на којашто се потпишани како што рече, значајни меморандуми од областа на безбедноста, културата, надворешните работи.

Премиерот Заев констатираше дека Македонија и Албанија ги водат одговорни политички раководства, без предрасуди, носејки одлуки искрено, транспарентно и отворено, со цел подобрување на животот на граѓаните.

Европските и НАТО-интеграциите не се само политичка определба, туку и економска потреба за граѓаните на нашите две држави, рече премиерот Заев кој најави интензивирање на соработката во инфраструктурата во иднина, како што е поврзувањето на Македонија со Драч, Албанија.

Премиерот Заев соопшти дека очекува поместувања во евро-атлантските интеграции на Република Македонија во престојната 2018 година, поради што Владата фокусирано работи на внатрешните реформи, добрососедските односи и целосно спроведување на Охридскиот Рамковен Договор во пракса.

Важно е што политичкото раководство на Република Албанија го препознава моментот со шанси за регионален развој, со оглед на наклонетоста на земјите-членки на ЕУ, рече претседателот на Владата, Заев.

Премиерот Заев оцени дека интензивираната соработка меѓу владите на Македонија и Албанија и заложбите за регионален развој се заедничка иднина за двете држави.

На прес конференцијата, во одговор на новинарско прашање за спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор, премиерот Заев рече дека тој се заокружува со Законот за употреба на јазиците.

Во врска со пополнувањето на испразнетите министерски места во Владата, претседателот на Владата, Зоран Заев соопшти дека очекува во понеделник да ги достави кандидатите за нив, по завршни консултации викендов, како и дека пред гласањето, ќе се верифицираат мандатите на новите пратеници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски