Тројца Палестинци застрелан од израелски војници на протест во Појасот Газа

Од:

Тројца Палестинци загинаа откако биле застрелани од страна на израелски војници во Појасот Газа за време на протест против одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Јоасер Сокар е петтиот убиен Палестинец откако Трамп на 6 декември го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Палестинци кои протестирале против одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, денеска се судрија со израелските сили за безбедност на неколку локации во Појасот Газа и на Западниот брег, по петочната молитва во џамиите.

Според медиумите, израелските војници на неколку места отвориле оган при што повредени се 54 лица.

На денешните протести на Западниот брег учествувале околу 2.500 лица, од кои тројца се повредени. Демонстрантите палеле автомобилски гуми, фрлале со камења и молотови коктели врз израелските полицајци и војници, кои одговориле со солзавец.

Во близина на Рамалах израелски полицаец пукал во маж откако тој избодел со нож еден од полицајците.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски