Оружје, обезбедено од САД и Саудиска Арабија за сириската опозиција, често завршувало во рацете на терористичката група Исламска држава, тврди организацијата за контрола на оружјето Си Еј Ар (CAR).
-Голем дел од оружјето на ИД е украдено од ирачката или сириската армија. Но, во рацете на ИД завршува и оружје од САД и Саудиска Арабија, наменето за опозициските групи, кои се борат против претседателот Башар ал Асад, посочува Си Еј Ар.
Организацијата документирала најмалку 12 случаи на оружје, купено од САД, кое се завршило во рацете на џихадисти – освоено на бојното поле или стекнато преку разните сојузи во сириската опозиција.