Според португалските медиуми, поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас можно е да се пресели во тимот на Њукасал.
Касиљас во моментов брани во Порто, откако пред две сезони го напушти Реал Мадрид, но поради проблемите во формата оваа сезона бранеше на само 11 натпревари.
Во дресот на Реал Мадрид, шпанскиот голман освои вкупно 18 трофеи, а долг период беше и капитен. Со шпанската репрезентација тој освои две европски и едно светско првенство.