Во 11. коло од регионалната СЕХА лига, ракометарите на Металург со 33:25 славеа против Динамо од Панчево на средбата одиграна во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонскиот вице-шампион имаше висока предност уште во првото полувреме, кога на паузата заминаа со резултат од 22:13, по што вториот дел беше само чиста формалност.
Најефикасен ракометар на натпреварот беше Халил Јагањац со 10 постигнати погодоци.
Ова е четврта победа во за Металург во СЕХА лигата со што има вкупно 12 поени и се наоѓа на 6. место на табелата.