Заев: Македонија и Косово немаат отворени прашања

Од:

Република Македонија и Република Косово имаат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка на сите нивоа, без отворени прашања. Посета на Косово е можност за продлабочување на добрите односи, порача преку својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој денеска престојува во официјална посета на Приштина.

„Со премиерот Харадинај и со другите министри во косовската влада, со Претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска се среќаваме како лидери на две земји без отворени прашања.

Тука сме за да одиме чекор понатаму: да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи. Среќен сум што сум прв премиер на Република Македонија кој дошол во посета на Косово“, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски